Кумановец рекордер: Возел со 3,46 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишник од Куманово бил приведен вчера откако полицијата утврдила дека возел со дури 3,46 промили алкохол.

Loading...

– На 16.05.2025 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од с.Долно Којнаре, кумановско. При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово било сопрено патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,46 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.

Како што додаваат од полицијата, тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец осомничен за лихварство

Никола Ивановски