Кумановец пукал во автомобил со двајца патници

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 19.00 часот во Куманово, на улицата „Тоде Мендол“, Р.З. (50) од Куманово пукал кон Б.Р. (26) од Куманово, кој управувал патничко моторно возило марка „Пасат“ со кумановски регистарски ознаки, во кое сопатник бил и С.М. (25) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа два проектила завршиле во возилото, во предната лева врата и задното лево светло, а патниците останале неповредени. Причина за нападот била претходна расправија поради случена сообраќајна незгода.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.