Кумановец пронашол рачна граната во сопствениот двор

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и четиригодишен кумановец завчера пронашол неексплодирана рачна граната во сопствениот двор.

Loading...

– На 18.06.2021 во 09.35 часот во СВР Куманово, Ц.К.(74) од с.Романовце, кумановско, пријавил дека во дворно место од неговата куќа во село Романовце пронашол стара неексплодирана направа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување – Куманово, при што било констатирано дека станува збор за стара рачна неексплодирана граната од Втората светска војна и таа е подигната за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply