Кумановец пронашол рачна бомба покрај банкина

Сподели со своите пријатели

Рачна бомба, вчера пронашол жител на Куманово во близина на бензинска пумпа.

Loading...

– На 22.03.2020 во 18.00 часот во СВР Куманово, С.Р.(62) од селото Табановце пријавил дека на банкина покрај автопат Куманово-Граничен премин „Табановце“, во близина на бензинска пумпа, пронашол рачна бомба, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Од страна на пиротехничар на ДЗС експлозивната направа е подигната за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply