Кумановец пронајден починат во затвор

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен жител на Куманово вчера бил пронајден починат во затворот во Крива Паланка.

Loading...

– На 15.09.2020 во 20.55 часот во СВР Куманово, од Затвор Куманово – Отворено одделение Крива Паланка било пријавено дека во затворот починал осуденикот О.Р.(44) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид извршиле екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка и лекар од Здравствен дом Куманово, кој констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Никола Ивановски

Leave a Reply