Кумановец пронајден починат во шахта

Сподели со своите пријатели

Вчера во 14.15 часот во Куманово на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, во шахта за водомер во сопствениот дворот, пронајден бил починат Б.Ц.(81), информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово. При извршен преглед над телото на починатиот не биле пронајдени траги на насилство.

Телото на починатиот ќе биде предадено во институтот за судска медицина за обдукција.