Кумановец пронајден починат, откако му изгорел домот

Сподели со своите пријатели

Кумановец бил пронајден починат, откако во неговиот дом избувнал пожар.

Loading...

Рано утринава околу 04.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на Б.Ј. (78) во селото Пчиња, кумановско.

Полициски службеници излегле на местото и Б.Ј. бил пронајден починат.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply