Кумановец приведен за доиздржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец вчера бил приведен за доиздржување затворска казна.

Loading...

– На 04.08.2022 во 20.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(29) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тој бил осуден на казна затвор од една година и пет месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик, а се барал со судска наредба за доиздржување казна затвор од 9 месеци и 26 дена.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за доиздржување на казната.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец и неговен малолетен син нападнале полицајци