Кумановец приведен за доиздржување казна затвор

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец викендов бил приведен поради доиздржување на затворска казна поради разбојништво.

Loading...

– На 04.12.2022 во 01.00 часот , полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.П.(29) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил осуден на седум години казна затвор за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од две години и три месеци.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за доиздржување на казната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  36-годишна кумановка физички нападната од сопругот

Никола Ивановски