Кумановец приведен во Скопје со бела грутчеста материја

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец бил приведен викендов во Скопје откако полицијата му пронашла бела грутчеста материја.

Loading...

– На 02.04.2023 во 02.00 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода С.К.(25) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“