Кумановец приведен со кафеава прашкаста материја

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишен жител на Куманово бил приведен во текот на вчеравечерта откако кај него полицијата пронашла кафеава прашкаста материја.

Loading...

– На 09.06.2021 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Е.(47) од Куманово затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply