Кумановец приведен по кражба од приватен имот

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец вчера бил приведен откако утрото извршил кражба на приватен имот во Куманово.

Loading...

– Во 10.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(35) од Куманово, информираат од кумановската полиција.

Лицето се сомничи дека вчера наутро влегол во приватен имот на улица „Моша Пијаде“ и одзел повеќе предмети.

Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“