Педесет и деветгодишен кумановец вчера бил приведен на ГП „Табановце“.
Loading...
– На 02.02.2020 во 10.00 часот на Граничниот премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода М.Д.(59) од Куманово, затоа што при проверка во оперативна евиденција било утврдено дека се наоѓа на СТОП-листа за издржување казна затвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.