Кумановец претепан во угостителски објект во Скопје

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишен кумановец пријавил дека бил физички нападнат во угостителски објект во скопската населба Карпош.

Loading...

– Денеска (12.12.2023) во 02.00 часот во СВР Скопје, Д.Т.(24) од Куманово пријавил дека околу 00.20 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Р.Р (40) од Скопје и уште неколку лица, кои употребиле и стаклен предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски