Кумановец претепан пред угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен кумановец бил физички нападнат од две други лица пред угостителски објект во Куманово.

Loading...

– Денеска (01.03.2023) во СВР Куманово, М.Ш.(21) од Куманово пријавил дека на 26.02.2023 пред угостителски објект на плоштадот „Нова Југославија“ во Куманово бил физички нападнат од П.П.(18) и К.Г.(18), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од кумановската полиција додаваат дека по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски