Кумановец препродавал карти за Супер купот, сега заработи кривична

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.И. (30) од с.Черкези поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, во период од 03.08. до 07.08.2017 година, откако претходно преку официјалната веб страна на УЕФА за износ од 60 Евра уредно и законски купил четири влезници за фудбалскиот натпревар помеѓу Реал Мадрид од Шпанија и Манчестер Јунајтед од Англија во рамки на УЕФА Супер купот, истите ги фотографирал и неовластено ги објавил за препродажба на интернет.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.