Кумановец прегазил тричлено семејство

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден во 22.30 часот во Полициската станица Куманово, Т.Д.(1993) од село Биљановце – Куманово пријавила дека по кратка расправија на улицата „Борис Кидрич“ кај Ј.З.У. Уред во Куманово физички ги нападнале три лица и им го оштетиле возилото, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на јавен обвинител при Основно јавно обвинителство – Куманово и увидна екипа при СВР Куманово извршен бил увид на местото на настанот, при што е констатирано дека на 25.06.2016 година околу  22,30 часот по претходна расправија со С.А.(1980) во Куманово, Б.И. управувајќи патничко мотроно возило марка „Мерцедес Ц200“ заедно со сопатниците неговиот брат Б. И. и Т.Д., со предниот десен дел од возилото намерно ги удрил лицата С. А., неговата сопруга М.К.(1980) и нивниот 4 годишен син, по што од страна на итна медицинска помош С.А. е пренесен во Медицински центар – Куманово додека М. К. и детето како итен случај со возило на брза помош се пренесени на Детска хиругија при Државна болница Скопје.

Трите лица дошле во СВР-Куманово каде по обавениот разговор, двајцата браќа се задржани, а Т.Д. е ослободена. СВР-Куманово презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.