Кумановец прегазил полицаец па избегал

Сподели со своите пријатели

Кумановец до моторцикл прегазил полициски службеник, паднал, па избегал, но набргу потоа бил приведен.

Loading...

На 26.06.2020 околу 20.00 часот во Куманово, на бул.„Октомвриска револуција“, од страна на полициски службеници на возач на моторцикл му бил даден знак да застане, но тој не ја испочитувал наредбата, туку продолжил да се движи во правец кон полициските службеници и со моторциклот удрил еден од нив во пределот на ногата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Потоа, изгубил контрола и паднал, по што се дал во бегство.

По преземени мерки моторциклистот бил пронајден и приведен во полициска станица.

Неговиот идентитет бил утврден и станува збор за Н.С.(28) од Куманово. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Никола Ивановски

Leave a Reply