Дваесети и деветгодишниот В.М. од Куманово во текот на вчерашниот ден бил повикан на разговор во Министерството за внатрешни работи поради основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл.385 од Кривичниот Законик на Република Македонија, а поврзано со инцидентите во Собранието.
Како што информираат од МВР, по извршениот разговор, на кој бил повикан и 22-годишен А.Ш. истите биле ослободени.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против вкупно седум лица за нередите во Собранието од кои три лица од Скопје и еден жител на Велес се сомничат за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл. 384 од Кривичниот Законик на Република, додека тројца други жители на Скопје се товара за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл. 385 од Кривичниот Законик на Република Македонија.
Пријавените, на 27.04.2017 година околу 19.00 часот во Собранието на Република Македонија, откако насилно ги пробиле кордоните од полициски службеници, влегле во сала бр.3 каде се одржувала прес конференција и ги нападнале пратениците З.З. (42) од Струмица и З.С. (44) од Струга, како и лицето А.Т. (лично обезбедување на З.З.). Притоа, пријавените Д.Т., Г.А., Н.П. и Б.Г. насилно ги пробиле кордоните од полициски службеници поставени пред Собранието. Потоа Г.А. ги повикал останатите присутни да влезат, а Н.П. влегол во сала бр.3, се заканувал и физички го нападнал А.Т. (лично обезбедување на З.З.).
Пријавените А.П., И.К. и Н.В. во прес салата бр.3 го извршиле кривичното дело на начин што А.П. фрлил статив за камера кон присутните пратеници, И.К. физички го нападнал А.Т. и го повредил во пределот на главата фрлајќи кон него со канцелариски стол со метални ногарки, а Н.В. со нога го удирал пратеникот З.С., додека лежел на подот.
Loading...