Кумановец поправајќи камион останал згмечен под него

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 15,20 часот во Штип, на локален пат во  близина на железничката пруга Штип-Скопје на место викано „Ежово Брдо“ Д.Т.(33) од Куманово, вработен како возач на камион – влекач на полуприколка сопственост на ДПГУ Бетон – Градба ДООЕЛ – Куманово, при вршење на работа на камионот – промена на пукнат преден пневматик, со цел да постави дополнителна дигалка за поголема сигурност, во моментот кога се наогал под камионот, дошло до испуштање на воздухот од воздушните перничиња со што Д.Т. бил потиснат и нанесени му се тешки телесни повреди (скршена десна надколеница и скршена карлица), информираат од Министерството за внатрешни работи.

Прва помош му е укажана во Медицински центар Штип, но поради сериозноста на повредите истиот е пренесен во Клинички центар Скопје.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.