Кумановец осомничен за пустошење шуми вредно неколку милиони денари

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи – Куманово поднесе кривична пријава против С.И. (45) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволена трговија“, „даночно затајување“ и „пустошење шуми“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено во периодот од 02.12.2014 до 06.02.2015 година пријавениот, спротивно на одобренијата за сеча издадени од Јавното претпријатие „Македонски Шуми“ – Подружница на Шумско стопанство Куманово, извршил незаконска сеча на вкупно 276 метри кубни повеќе од дозволеното, на штета на шумскиот фонд во висина од 1.134.000 денари.

Исто така, пријавениот, без да поседува решение за промет на огревно дрво, од лице од Скопје сопственик на шума, извршил откуп на огревно дрво во вкупна количина од 483 метри кубни по цена од 900 денари за метар кубен, а потоа противправно ја продал на повеќе физички и правни лица за износ од 4.600 денари по метар кубен, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 2.532.300 денари. На овој начин пријавениот одбегнал да плати даночни обврски на штета на буџетот на Р. Македонија во износ од 534.000 денари.