Кумановец осомничен дека со лажна диплома работел во училиштето „Наим Фрашери“

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против четириесет и шестгодишниот Б.Ј. од Куманово, вработен како наставник по оделенска настава, како и против З.К. (50) од Скопје, референт за студентски прашања на универзитетот „Свети Климент Охридски“.

Така кумановецот заработи неколку кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, „поттикнување“ и продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, додека референтот на  универзитетот „Свети Климент Охридски“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ и продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.

Имено, Б.Ј. во 2005 година стапил во контакт со З.К. поттикнувајќи го да го запише на Педагошкиот факултет во Скопје и да му обезбеди уверение за завршен факултет. Второпријавениот, злоупотребувајќи ја службената положба, во документацијата на Педагошкиот факултет, во матичната книга на запишани студенти и во главната книга на дипломирани студенти незаконски оформил предмет со што му овозможил да се стекне со уверение. Со ова, на првопријавениот, на 15.05.2008 година му изготвил фалсификувано уверение за завршен VII-1 степен со што се здобил со стручен назив – дипломиран професор по одделенска настава.

По ова, Б.Ј. од 2009 до 2012 година, ваквото уверение во шест наврати го употребил во правниот сообраќај како вистинито, и врз основа на истото работел како замена во училиштето „Наим Фрашери“ во Куманово. Второпријавениот, пак, со ова предизвикал штета во буџетот на Државниот универзитет во износ од 98.400 денари.

Инаку референтот претходно исто така имаше заработено неколку кривични пријави кога се открила негова можна вмешаност во зиготвување лажни дипломи за дел од началниците на СВР Куманово.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.