Кумановец „олеснил“ куќа на сограѓанин за 743.500 денари

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на ул. „1-ви Мај“ во Куманово, засега непознат сторител ограбил куќа во споственост на З.Ш.(53) при што нанел голема материјална штета.

Loading...

Имено, со употреба на сила и подесен алат ја отворил влезната врата од куќата, а претходно прескокнувајќи ја оградаата, при што влегол и одзел златен накит и пари во износ од 550 евра и го напуштил местото на настанот.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманвоо при што е констатирано дека крадецот се стекнал со противправна имотна корист од 743.500 денари.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и откривање на идентитетот на сторителот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.