Кумановец од стан на сограѓанин излегол со плен од 25 илјади евра

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден во период од 20.30 часот до 22.18 часот во Куманово на ул.„Поток Серава“, во куќата сопственост на А.А., непознат сторител извршил тешка кражба, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Имено сторителот се прекачил на терасата од катот на куќата, насилно го отворил прозорот од спалната соба, влегол внатре и по извршено пребарување одзел куфер за накит во кој имало  разновиден златен накит (обетки, бисери, нараквици, огрлици, прстени, часовник, сребрен накит, ланчиња) во вредност од околу 18.500 евра и 6.500 евра во разни апоени, а потоа го напуштил местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.