Кумановец од невнимание при ракување со пиштол ранил свој сограѓанин

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден, поточно во 14,30 часот, во Куманово на ул.„Индустриска“ бб во дворното место на фирма, Г.М.(33), од невнимание, додека ракувал со пиштол марка „Глог“, калибар 9мм кој го поседувал со дозвола, испукал еден куршум и му нанел прострелна рана во пределот на бутот на Р.М.(45), двајцата со живеалиште во Куманово.

Loading...

Г.М. со возило го однел Р.М. во Општа Болница  Куманово, каде му е укажана првична медицинска помош, по што како итен случај е препратен во КЦ Скопје.

Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Куманово, пиштолот, испукана чаура и зрно се подигнати за вештачење, а Г.М. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот, до ОЈО-Куманово ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.