Кумановец недозволено поседувал три пиштоли

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Б. (58) од селото Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи на 22.06.2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во село Черкези, при што пронашле и одзеле три пиштоли („Steyr Pieper Patent“ калибар 6,35мм, „Crvena Zastava M57“ калибар 7,62х25 мм и Smith & Wesson модел 422“ калибар 22LR) и 43 куршуми со различен калибар, за кои не поседувал дозвола.

Leave a Reply