Кумановец наведувал сограѓанин да употребува дрога на ул. „Гоце Делчев“

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишниот Л.Б. од Куманово наведувал сограѓанин да користи наркотична дрога амфетамин на улицата „Гоце Делчев“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на ул. „Гоце Делчев“ од страна на полициски службеници бил затекнат А.Т. (23) од Куманово како од страна на пријавениот бил наведуван на уживање на наркотична дрога амфетамин од 0,12 грама.

Секторот за внатрешни работи  поднесе кривична пријава против Л.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.