Кумановец натепал вработен во Отсекот за управни работи

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишен кумановец бил приведен откако физички нападнал вработен во Отсекот за управни работи на СВР Куманово.

Loading...

– На 26.02.2024 во 10.25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(42) од село Табановце, кумановоско, затоа што во просториите на Отсекот за управни работи Куманово физички нападнал еден вработен кој извршувал службени дејствија, информираат од кумановската полиција.

Н.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, како што додаваат од полиција, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  57 возачи казнети за 1ви Мај во Куманово