Четириесет и двегодишен кумановец бил приведен викендов под сомнение дека физички нападнал две лица и оштетил инвентар на бензинска пумпа.
Loading...
– На 19.01.2025 во 23.04 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бензинска пумпа на улица „Ѓорче Петров“, Т.А.(42) од Куманово физички ги нападнал Д.С.(31) и М.С.(28) од село Тромеѓа, кумановско и оштетил дел од инвентарот, информираат од Секторот за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението на СВР Куманово, против Т.А. ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски