Кумановец нападнат во центарот на градот

Сподели со своите пријатели

Едно лице било физички нападнато во центарот на градот, а случајот во полиција бил пријавен вчера од братот на нападнатиот.

Loading...

– На 07.12.2023 година во СВР Куманово В.В. пријавил дека на улицата „Народна револуција“ во Куманово неговиот брат Д.В. бил физички нападнат од Д.М., информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот против Д.М. ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски