Кумановец нападнал полициски службеник па избегал

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П. (30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 02.09.2017 година околу 17.10 часот на ул. „Иво Лола Рибар”, најпрвин со навредливи зборови се обратил кон полициски службеници, а подоцна нападнал еден од полициските службеници, по што побегнал.

Набргу потоа Д.П. бил лишен од слобода и приведен во СВР Куманово.