Кумановец нападнал 19-годишник пред дискотека

Сподели со своите пријатели

На 18.05.2019 година околу 04.50 часот во СВР Скопје, П.С.(19) од Крива Паланка пријавил дека пред дискотека во градскиот парк бил физички нападнат од И.Ц.(30) од село Тромеѓа, кумановско- обезбедување во дискотеката, информираат од Министрството за внатрешни работи.

Loading...

Според пријавеното, во моментот кога П.С. и неговите другари излегле од дискотеката, непознато лице фрлило шише кон патничко возило „Ауди“, до кое тие застанале. Исто така, според пријавеното, тогаш им се доближиле И.Ц., Б.И.(23) од Скопје и Ф.М.(25) од Скопје, обезбедување во дискотеката, и побарале од нив да ја платат штетата бидејќи сметале дека тие го фрлиле шишето.

Според пријавеното, во еден момент И.Ц. физички го нападнал П.С. и од паричникот му одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply