Кумановец ќе одговара за убиство во обид

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Р.З. (50) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на 12.06.2016 година околу 19,00 часот Б.Р. движејќи се со своето патничко возило во кое бил и сопатникот С.М. во еден момент од левата страна го забележал пријавениот како со раце му дава знак дека во торбата која ја носел има пиштол и дека ќе го употреби.

Кога оштетениот застанал сакајќи да го праша зашто му се заканува пријавениот го извадил пиштолот и испукал два проектила кон возилото во правец каде што седел оштетениот погодувајќи го истото во пределот на вратата, по што Б.Р. исплашен заминал.