Кумановец ќе одговара за нанесување тешка телесна повреда

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен кумановец ќе одговара за нанесување тешка телесна повреда.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријавa против Љ.В.(33) од Куманово и непознато лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат оттаму, на 18.02.2020 околу 20.45 часот, на ул.„Тоде Мендол“ во Куманово, додека пријавениот извршувал работни задачи како обезбедување на автомат клуб, во објектот дошле Г.Д. и С.С., кои биле под дејство на алкохол и С.С. започнал да ги вознемирува присутните, по што пријавениот и непознатото лице физички го нападнале С.С., кој се здобил со тешка телесна повреда.

Никола Ивановски

Leave a Reply