Кумановец ќе одговара за физички напад врз вонбрачната сопруга

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.К.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од полицијата, на 03.08.2019 година околу 21,00 часот во Куманово на улицата „436“, во куќата на пријавениот, истиот под дејство на алкохол, физички ја нападнал С.М.(40) од село Пчиња, со која живеел во вонбрачна заедница, при што и нанел тешка телесна повреда.

Leave a Reply