Кумановец ја претепал 75-годишната мајка

Сподели со своите пријатели

Педесет и двегодишен жител на кумановско село бил приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата мајка.

Loading...

– На 26.03.2024 во 18.30 часот во кумановско село, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Н.(52) од селото затоа што физички ја нападнал неговата 75-годишна мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, С.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат