Триесет и петгодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека во текот на изминатиот месец извршил пет кражби.
Loading...
– На 12.03.2023 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Л.(35) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што објаснуваат од МВР, тој се сомничи дека во текот на минатиот месец извршил пет кражби, од кои четири во продажни објекти и една од приватен имот.
– Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски