Кумановец изнудил 3.500 евра од сограѓанин

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишниот Н.С. од Куманово заработи кривична пријаво поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено пријавениот на 21.06.2015 година на Д.Ѓ. (41) од Куманово му побарал да му исплати 3.500 евра, поради тоа што наводно бил посредник за заем на пари помеѓу оштетениот и други две лица од Куманово.

Откако оштетението рекол дека не должи ништо и дека нема да му даде паре, приајвениот упатувајќи му сериозни закани по живот на оштетениот, му се заканил и дека ќе му ги запали сите дуќани доколку не му исплати сума од 100.000 евра.

Секторот за внатрешни работи поднесе криивчна пријава против осомничениот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.