Кумановец измамен при размена на девизи

Сподели со своите пријатели

Кумановец бил измамен за сума од педесет долари при обид едно лице да ги размени во денари.

Loading...

– На 09.12.2021 година во 18.00 часот во СВР Куманово, 67-годишен маж од кумановско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 50 долари, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавеното, лицето побарало да му размени 50 долари, по што тој му дал денари, а при размената лицето успеало да го измами и да не му ги остави доларите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од кумановската полиција.

Никола Ивановски