Кумановец измамен при купување станови

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишна скопјанка ветувала станови, а кога ги земала парите исчезнувала со нив. Меѓу измамените е и лице од Куманово.

Loading...

– На 24.08.2022 во 17.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода Б.Д.(39) од Скопје. Таа се сомничи дека од јануари до август 2022 измамила две лица од Гостивар и едно од кумановско за вкупна сума од 9.700 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, таа им ветила дека за одредена сума може да им помогне да купат државни социјални станови, но откако ги земала парите набргу потоа ја прекинувала комуникацијата со нив.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски