Кумановец избегал од затвор па опустошил излог на златара

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи-Скопје, Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето И.С. (31) од Куманово поради основано сомнение дека извршил кривично дело “разбојништво“ предвидено и казниво по чл.237 од Казнаниот законик на Република Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено , на 18.12.2015 година со намера да се стекне со противправна имотна корист пријавениот инаку осудено лице кој се наоѓал на издржување казна затвор во КПУ затвор Куманово – отворено одделение во Крива Паланка, додека бил во бегство од затворот, извршил кривично дело разбојништво при што одзел 16 златни ланчиња, и се стекнал со противправна имотна корист од околу 375.190 денари.

Кривичното дело го извршил тој начин што откако дошол во златарата „Рубин“ во ГТЦ во Скопје им се заканил на вработените со пиштол, а потоа со истиот го скршил стаклото од изложната витрината каде бил изложен златниот накит, ги одзел ланчињата по што го напуштил местото на настанот. По превземени мерки и активности утврдено е дека се работи за И.С.

На 05.05.2016 година од страна на полициски службеници од ЕИД- МД во просториите на КПУ Затвор Куманово бил извршен разговор со пријавениот во кој тој го појаснил начинот на извршувањето на кривичното дело.

Украдените златни ланчиња на 19.12.2015 година во Куманово ги продал за 860 евра на лице од Тетово, а гасниот пиштол го фрлил во реката Вардар во Скопје, додека дел од гардеробата која ја носел при  извршувањето на кривичното дело и патиките ги фрлил во контејнер.

По извршениот разговор, од страна на надзорниците од затворската полиција во КПУ Затвор Куманово, бил извршен претрес во ќелијата во кој е сместен пријавениот, при што била пронајдена една капа која истиот ја носел при извршувањето на кривичното дело.

На 13.05.2016 година во Полициска станица од општа надлежност – Гази Баба, од страна на вработените од златарата било извршено препознавање при што истите со сигурност го препознале пријавениот како лице кое со пиштол влегол во златарата „Рубин“ и ги одзел златните ланчиња.

Инаку И.С. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против животот и телото, кривични дела против здравјето на луѓето како и кривични дела против јавниот ред, велат од МВР.

На истиот од страна на СВР-Куманово досега му биле поднесени 43 кривични пријави за сторени кривични дела “кражба“, “тешка кражба“, “одземање на моторно возило“ и “тешка телесна повреда“, потоа од страна на Полициска станица Крива Паланка поднесена му била една кривична пријава за сторено кривично дело “тешка кражба“, од страна на СВР-Охрид поднесена му била една кривична пријава за сторено кривично дело “тешка кражба“ и од страна на СВР- Скопје поднесени му биле пет кривични пријави за сторени кривични дела “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и “тешка кражба“.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.