Кумановец и велешанец приведени со килограм марихуана

Сподели со своите пријатели

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Д.(38) од Куманово и С.Б.(43) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 14.05.2019 година на автопатот Скопје – Велес, кај наплатната рампа „Сопот“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Фиат Пунто“, управувано од второпријавениот, во кое бил и првопријавениот како сопатник, при што пронашле и одзеле околу еден килограм опојна дрога – марихуана.

Leave a Reply