Кумановец и велешанец краделе низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановец и велешанец вчера биле приведени во Куманово под сомнение за извршено кривично дело кражба.

Loading...

– На 23.02.2023, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.Б.(28) од Куманово и М.Д.(23) од Велес, информираат од полицијата.

Како што појаснуваат од СВР Куманово, тие се сомничат дека на 16.02.2023 од приватен имот на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово одзеле повеќе предмети.

М.Д. бил баран и со судска наредба за издржување на мерка притвор во Казнено-поправната установа Затвор К’шање.

– М.Д. бил спроведено во установата за издржување на мерката притвор, а Е.Б. бил задржан во полициска станица, додаваат од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски