Кумановец и тетовец напаѓале и краделе низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица од Тетово и Куманово се приведени вчера откако извршиле низ кривични дела меѓу кои напади и кражби.

Loading...

– На 04.09.2023 во 11.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.Ј.(27) од Тетово и Ш.Ш.(46) од Куманово. Тие се сомничат дека изминатите два дена извршиле повеќе кривични дела, велат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од полицијата на 04.09.2023 во Градски парк во Куманово физички нападнале вработени во Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ и им се заканиле со остар предмет.

Истиот ден, М.Ј. и Ш.Ш. влегле во угостителски објект на улицата „11 Октомври“ во Куманово и одзеле чанта

Додека, на 03.09.2023 се обиделе да одземат чанта од угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово.

Кога биле приведени во полициска станица се обиделе со остар предмет да нападнат полициски службеници.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Никола Ивановски

Loading...