Кумановец и скопјанец краделе од вагони, уапсени со украдените предмети

Сподели со своите пријатели

Две лица, едно од Куманово, второ од Скопје, биле приведени вчеравечер откако полицијата во нивниот автомобил пронашла предмети кои претходно биле украдени.

Loading...

– На 28.02.2021 во 21.30 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(31) од Куманово, а совозач бил А.Ј.(33) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При преглед во возилото, како што додаваат од МВР, биле пронајдени предмети од претходно извршена тешка кражба.

Двајцата биле лишени од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.

Заедно со предметите тие биле предадени во Полициската станица Гази Баба и во извршениот разговор изјавиле дека тешката кражба ја извршиле истиот ден од вагон на Железничката станица во Трубарево.

По целосното документирање ќе следи соодветен поднесок.

Никола Ивановски

Leave a Reply