Кумановец и Прилепчанец заработија кривични пријави за криумчарење мигранти

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишниот М.Д. од Куманово и дваесет и двегодишниот Х.Д од Прилеп заработија кривични пријави од стра на Регионалниот центар за гранични работи Југ, поради  постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 09.04.2016 година во 01.30 часот на клучка – Демир Капија полициски службеници забележале две патнички возила марка „Пежо 206“ управувано од Х.Д. во кое биле пронајдени четири илегални мигранти од Ирак, додека во возилото марка „Сеат Толедо“, управувано  од М.Д. од Куманово кој избегал, а во кое биле пронајдени пет илегални мигранти од Ирак.

Мигранти биле сместени во Прифатниот  центар за странци, а од страна на судија на претходна постапка на Х.Д. му е одредена марка домашен притвор.