Кумановец го нападнал својот син, полицијата го приведе

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека во семејниот дом го нападнал својот 18-годишен син.

Loading...

– На 05.09.2023 во 15.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 40-годишен маж затоа што во семејниот дом физички го нападнал својот 18-годишен син, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски