Кумановец ги нападнал сопругата и малолетниот син, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Шеесет и двегодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека физички ги нападнал сопругата и нивниот малолетен син.

Loading...

– На 05.03.2025 во 23.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С.(62) од Куманово затоа што физички ги нападнал неговата сопруга и малолетниот син, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски