Кумановец физички нападнат во Скопје

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен кумановец завчера бил физички нападнат во Скопје, поради расправија во врска со сообраќај.

Loading...

– На 05.10.2022 околу 19.30 часот на ул.„Костурски херои“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.Е.(41) од Скопје, затоа што на булевар „Партизански одреди“, по претходна расправија во врска со сообраќај, физички го нападнал К.А.(27) од Куманово и му се заканил со остар предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид бил извршен, а остриот предмет бил подигнат за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски