Кумановец физички нападнал обезбедување во казино

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец физички нападнал лице вработено како обезбедување во казино, по што бил приведен.

Loading...

– На 10.12.2023 година во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С. (25) од Куманово затоа што во казино на улица „Гоце Делчев“ во Куманово физички нападнал вработен во обезбедувањето, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што стои во соопштението, С.С. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски